Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Небанкарски финансиски институции потпишуваат Кодекс за Добра Пракса за да обезбедат повисоко ниво на заштита на потрошувачи

Членовите на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија, го потпишаа Кодексот за Добра Пракса обезбедувајќи дополнителни мерки за заштита на потрошувачите. Кодексот за Добра Пракса ќе биде објавен на веб страните на членовите на Асоцијацијата за секој клиент да може да се осигура дали конкретниот кредитор се придржува до етичката и одговорната бизнис пракса претходно поставена од страна на Кодексот.

Дополнително, формирана е и ознака за сообразност  – „Одговорен Кредитор“. Тоа ќе овозможи препознавање на оние кредитори кои се приклучени кон асоцијацијата и се посветени на работа во согласност со принципите поставени од страна на Кодексот за Добра Пракса.

„Небанкарските кредити, како и многу други финансиски производи водени од технологијата се нови за потрошувачите. Како што и самата индустрија е во почетна фаза на нејзиниот развој, важно е што побрзо да се согласиме за одговорна бизнис пракса со која истовремено би се заштитувале клиентите и би ѝ се дозволило на индустријата да се развива. Понатаму, друга важна задача на Асоцијацијата ќе биде да започне соработка со законодавните и надзорни власти за дизаjнирање на стратегија за среднорочен развој на индустријата“, вели Управителот на Асоцијацијата на Финансиски Друштва, Филип Димитровски.

Кодексот за Добра Пракса цели кон тоа да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила за соработка за потрошувачите кои добиле кредит или планираат да подигнат кредит од член на Асоцијацијата. Кодексот решава прашања како проценка на кредитоспособност на клиент, етички маркетиншки пракси, брза и практична процедура на разгледување на поплаки, како и покривање на долгови. За да се осигура стапување на сила на нормите поставени во Кодексот, членовите на Асоцијацијата ќе спроведат обуки за нивните вработени.

Управителот на Асоцијацијата, Филип Димитровски ги охрабрува небанкарските кредитори да и се придружат на Асоцијацијата и заеднички да работат на балансиран развој на индустријата: „Асоцијацијата ја сметаме за саморегулаторна иницијатива за одржлив развој, имплементација на иновации, како и поттик за подобрување на севкупната транспарентност, не само на небанкарските финансиски институции, туку за целата финансиска индустрија вклучувајќи го и банкарскиот сектор во Северна Македонија.“

 

Мисијата на Асоцијацијата е да промовира веродостојни, социјално одговорни и одржливи практики на кредитирање, кои клиентите и надзорните власти ги процениле за добри. Истовремено, ќе работи на промовирање на можностите кои ги нудат небанкарските технолошки финансиски решенија кои се бенефит на индивидуално ниво како и на општеството во целина.

Сподели:

Водич кој Асоцијацијата го има поставено за позајмување од небанкарски финансиски институции

Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија има поставено водич во кој случај потрошувачите треба и не треба да земаат кредити од небанкарски кредитори, како и совети за чекори кои треба да се преземат за клиентите кои имаат потешкотии да ги исплатат кредитите.

Случаи во кои клиентите треба да земат предвид подигнување кредити од небанкарски кредитори

Краткорочните кредити се наменети за користење во случај на итни трошоци, како на пример, доколку неочекувано се расипе некој апарат од домаќинството и е потребна итна поправка на истиот. Иако услугите се едноставни и практични, потрошувачите мора да ги користат одговорно и разумно. Пред да подигне краткорочен кредит, клиентот треба да ја процени вистинската потреба за овие средства; можноста да се вратат во предвидениот временски рок; да се осигураат дека не позајмуваат повеќе отколку што е потребно.

Доколку сте одлучиле да подигнете краткорочен кредит, осигурајте се дека се согласувате со поставената каматна стапка (камата), дека внимателно сте ги провериле условите за договор, дека внимавате на својот буџет за да можете да го исплатите долгот на време.

Случаи кога потрошувачите не треба да позајмуваат од небанкарски кредитори

Краткорочните кредити не треба да се користат за решавање на долгорочни финансиски проблеми. Исто така, не треба да се користат за исплаќање на други долгови како што се хипотеки, лизинг и слично. Тие не се брзи решениа за спонтани хирови.

Што треба да се преземе за клиенти кои имаат потешкотии

Доколку клиентот има потешкотии и не е во можност да ги исполни своите обврски, компаниите од индустријата се повикуваат на кредиторот да изнајдат заедничко решение. Компаниите од индустријата ги советуваат клиентите да реагираат смирено и разумно во случај на потешкотија:

  • Во ниеден случај клиентот не треба да позајмува од други кредитори само за да го исплати постоечкиот долг
  • За да се изнајде најдобро решение за проблемот, клиентот треба да го контактира давателот на услуги
  • Клиентот не треба да го одолговлекува проблемот – колку повеќе клиентот се двоуми, толку потешко ќе биде да се реши ситуацијата
  • Клиентот треба да го ревидира својот буџет – можеби постојат некои трошоци кои можат да бидат отстранети или намалени
  • Сепак, доколку клиентот не најде начин да ја реши ситуацијата, треба да побара совет од Асоцијацијата на Финансиски Друштва.

 

Сподели: