Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија има поставено водич во кој случај потрошувачите треба и не треба да земаат кредити од небанкарски кредитори, како и совети за чекори кои треба да се преземат за клиентите кои имаат потешкотии да ги исплатат кредитите.
Случаи во кои клиентите треба да земат предвид подигнување кредити од небанкарски кредитори
Краткорочните кредити се наменети за користење во случај на итни трошоци, како на пример, доколку неочекувано се расипе некој апарат од домаќинството и е потребна итна поправка на истиот. Иако услугите се едноставни и практични, потрошувачите мора да ги користат одговорно и разумно. Пред да подигне краткорочен кредит, клиентот треба да ја процени вистинската потреба за овие средства; можноста да се вратат во предвидениот временски рок; да се осигураат дека не позајмуваат повеќе отколку што е потребно.
Доколку сте одлучиле да подигнете краткорочен кредит, осигурајте се дека се согласувате со поставената каматна стапка (камата), дека внимателно сте ги провериле условите за договор, дека внимавате на својот буџет за да можете да го исплатите долгот на време.
Случаи кога потрошувачите не треба да позајмуваат од небанкарски кредитори
Краткорочните кредити не треба да се користат за решавање на долгорочни финансиски проблеми. Исто така, не треба да се користат за исплаќање на други долгови како што се хипотеки, лизинг и слично. Тие не се брзи решениа за спонтани хирови.
Што треба да се преземе за клиенти кои имаат потешкотии
Доколку клиентот има потешкотии и не е во можност да ги исполни своите обврски, компаниите од индустријата се повикуваат на кредиторот да изнајдат заедничко решение. Компаниите од индустријата ги советуваат клиентите да реагираат смирено и разумно во случај на потешкотија:
- Во ниеден случај клиентот не треба да позајмува од други кредитори само за да го исплати постоечкиот долг
- За да се изнајде најдобро решение за проблемот, клиентот треба да го контактира давателот на услуги
- Клиентот не треба да го одолговлекува проблемот – колку повеќе клиентот се двоуми, толку потешко ќе биде да се реши ситуацијата
- Клиентот треба да го ревидира својот буџет – можеби постојат некои трошоци кои можат да бидат отстранети или намалени
- Сепак, доколку клиентот не најде начин да ја реши ситуацијата, треба да побара совет од Асоцијацијата на Финансиски Друштва.