Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Небанкарски финансиски институции потпишуваат Кодекс за Добра Пракса за да обезбедат повисоко ниво на заштита на потрошувачи

Членовите на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија, го потпишаа Кодексот за Добра Пракса обезбедувајќи дополнителни мерки за заштита на потрошувачите. Кодексот за Добра Пракса ќе биде објавен на веб страните на членовите на Асоцијацијата за секој клиент да може да се осигура дали конкретниот кредитор се придржува до етичката и одговорната бизнис пракса претходно поставена од страна на Кодексот.

Дополнително, формирана е и ознака за сообразност  – „Одговорен Кредитор“. Тоа ќе овозможи препознавање на оние кредитори кои се приклучени кон асоцијацијата и се посветени на работа во согласност со принципите поставени од страна на Кодексот за Добра Пракса.

„Небанкарските кредити, како и многу други финансиски производи водени од технологијата се нови за потрошувачите. Како што и самата индустрија е во почетна фаза на нејзиниот развој, важно е што побрзо да се согласиме за одговорна бизнис пракса со која истовремено би се заштитувале клиентите и би ѝ се дозволило на индустријата да се развива. Понатаму, друга важна задача на Асоцијацијата ќе биде да започне соработка со законодавните и надзорни власти за дизаjнирање на стратегија за среднорочен развој на индустријата“, вели Управителот на Асоцијацијата на Финансиски Друштва, Филип Димитровски.

Кодексот за Добра Пракса цели кон тоа да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила за соработка за потрошувачите кои добиле кредит или планираат да подигнат кредит од член на Асоцијацијата. Кодексот решава прашања како проценка на кредитоспособност на клиент, етички маркетиншки пракси, брза и практична процедура на разгледување на поплаки, како и покривање на долгови. За да се осигура стапување на сила на нормите поставени во Кодексот, членовите на Асоцијацијата ќе спроведат обуки за нивните вработени.

Управителот на Асоцијацијата, Филип Димитровски ги охрабрува небанкарските кредитори да и се придружат на Асоцијацијата и заеднички да работат на балансиран развој на индустријата: „Асоцијацијата ја сметаме за саморегулаторна иницијатива за одржлив развој, имплементација на иновации, како и поттик за подобрување на севкупната транспарентност, не само на небанкарските финансиски институции, туку за целата финансиска индустрија вклучувајќи го и банкарскиот сектор во Северна Македонија.“

 

Мисијата на Асоцијацијата е да промовира веродостојни, социјално одговорни и одржливи практики на кредитирање, кои клиентите и надзорните власти ги процениле за добри. Истовремено, ќе работи на промовирање на можностите кои ги нудат небанкарските технолошки финансиски решенија кои се бенефит на индивидуално ниво како и на општеството во целина.

Сподели: