Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Финансиските друштва го раздвижија финансискиот систем во земјата

Со својата појава, небанкарските финансиски институции, кај нас познати како финансиски друштва, овозможија полесен пристап на граѓаните до неопходна финансиска поддршка, во форма на краткорочен кредит за решавање на неочекуваните финансиски потреби, или пак за надминување на моменталните финансиски проблеми. Но, исто така, со начинот на работа и воведувањето модерни технолошки решенија во работењето, финансиските друштва направија и раздвижување на целокупниот финансиски систем во земјава и придонесоа за зголемување на конкуренцијата, што секогаш е во интерес на клиентите.  

Ретки се оние граѓани на кои никогаш не им била потребна краткорочна финансиска инјекција, без разлика дали тоа е за поправка во домот, итен здравствен трошок, образовни потреби или пак, едноставно за надминување на одреден период кога настанале одредени неочекувани ситуации кога брзо и ефикасно е потребен пристап до финансиски средства.

Во минатото, решавањето на ваквите потреби, особено кога се работи за кредити на помали износи, беше речиси неизводливо, бидејќи традиционалниот финансиски систем се фокусираше на одобрување класични кредити, на поголеми износи, со подолги рокови на отплата и  вообичаено долги процедури за одобрување на истите.

Со појавата на финансиските друштва, чија што компетитивна предност лежи токму во нивната технолошка напредност, пристапот до финансиски средства стана целосно флексибилен и брз во поглед на реализацијата на барањата и во поглед на износите на кредитите, со само неколку кликови на мобилен телефон или пак компјутер. Имено, како дел од „финтек“ индустријата, која се базира на користење нови технологии во работењето и која сигурно претставува иднина на финансискиот систем во светот, финансиските друштва преку користење на современите технолошки решенија, можат да им обезбедат на клиентите едноставен начин за завршување на сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.

Дополнително, со појавата на финансиските друштва, граѓаните на легален начин доаѓаат до неопходните средства, во миговите кога тоа им е најпотребно, заштитувајќи ги притоа од импулсивните одлуки за незаконското обезбедување на неопходните средства.

Дека за ваква дејност имаше неопходна потреба, доказ е растот на бројот на финансиски друштва за онлајн кредитрање, како и на бројот на одобрени кредити и пласирани средства кај населението.

За овозможување уште поголем квалитет во работењето и сигурност на клиентите, финансиските друштва во земјава неодамна формираа Асоцијација на финансиски друштва со цел да работат заедно на воведување стандарди за квалитет на услугите. Ова ќе придонесе и за поголема транспарентност на финансиската индустрија, но и за подигање на свеста во јавноста за потребата и корисноста од небанкарските финансиски институции за општеството во целина.

Сподели:

Која е работата на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија?

Обезбедување сигурни, општествено одговорни и одржливи практики за кредитирање се основните обврски и заложби на Асоцијацијата на финансиски друштва. Неодамна оформената Асоцијација на финансиски друштва е тело што обединува, досега, седум небанкарски финансиски друштва кои нудат финансиски услуги и брзи кредити за граѓаните кои имаат потреба од средства. Преку потпишувањето на кодексот за добра пракса се стандардизираат условите за добивање кредит, за квалитет на услугите и воопшто работата на финансиските друштва, а се обезбедуваат дополнителни мерки за заштита на потрошувачите.

Така, во кодексот се опфатени сите обврски што небанкарското финансиско друштво ги има кон барателот на услуга, односно граѓанинот, како јасни правила на соработка со клиентите кои добиле кредит или планираат да земат одреден кредит од членка на Асоцијацијата и обезбедување повисоко ниво на заштита. Кодексот ги дефинира прашањата и за проценка на кредитоспособноста на клиентите, етички маркетинг, брза и практична процедура за ревизија на жалби и наплата на долгот.

Припадноста кон Асоцијацијата се истакнува со ознаката „Одговорен кредитор“ на веб-страницата на друштвото и тоа значи дека истото работи согласно принципите утврдени со Кодексот за добра пракса.

Комплетноста на функцијата и услугите на Асоцијацијата како и посветеноста кон поставени цели се гледа и во едукативната функција што Асоцијацијата ја има во однос на граѓаните. На својата интернет страница, Асоцијацијата ги советува граѓаните во какви ситуации да се земе предвид позајмување од небанкарски кредитори, а во кои ситуации не е препорачливо, што да се прави во случај на проблеми, и слично. Со оваа услуга, Асоцијацијата е комплетно на страната на барателите на кредити и со целата работа е во насока на заштита на барателот, односно граѓанинот.

Иницијативата за формирање на Асоцијацијата е поттикната од растечката појава на  финансиски друштва, што пак е резултат на потребите на граѓаните и приоритетна цел е обезбедување унифицирани стандарди за квалитет во финтек индустријата. Токму затоа, преку нејзината работа и потпишаниот кодекс покрај односот на друштвото кон барателот на услугата се дефинира и односот меѓу финансиските друштва. Една од работата на Асоцијацијата ќе биде и креирање стратегија за развој на индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот и промовирање на можностите што ги даваат небанкарските финансиски технолошки решенија, кои ќе бидат од корист на поединците и општеството во целост. Така што, Асоцијацијата ги обединува своите членки и ги поттикнува на заеднички ангажман и долгорочна соработка, покрај во стандардизацијата и квалитетот на услугите, уште и во регулирање на пазарот преку објаснување на јавноста за различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech. Тоа ќе резултира со поголема доверба од страна на корисниците, но и од надлежните институции. На овој начин ќе се постигне поголема транспарентност на финансиската индустрија, а ќе се подигне и свеста за потребата и корисноста од работењето на небанкарските финансиски институции.

 

Сподели:

„Финтек“ индустријата поставува нови правила на игра во финансискиот систем на глобално ниво

Небанкарските финансиски услуги базирани на финансиската технологија, познати како „финтек“ услуги, последниве години забележуваат драстичен раст во светски рамки, а од тоа не е исклучок ни нашата земја. Терминот „финтек“ се користи за опишување нови услуги кои со користење напредни и иновативни технологии ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги и се сериозен конкурент на традиционалните финансиски методи во испораката на финансиски услуги.

Експоненцијалниот раст на финтек индустријата е евидентен низ изминатите години, а минатата, 2018 година го доживеа својот зенит по повеќе параметри, за што говори и последниот извештај на консултантската куќа КПМГ – „Пулсот на финтек 2018“ кој нотира дека глобалните инвестиции во финансиската технологија се зголемија за повеќе од 2.200% за седум години, од 930 милиони долари во 2008 на над 22 милијарди долари во 2015 година.

Според истиот извештај, во 2018 година глобалните инвестиции во „финтек“ компании достигнаа 111,8 милијарди долари со 2.196 договори за инвестициски активности од кои десетици поголеми од 10 милијарди долари, што значи двојно поголем пораст во однос на 2017 година кога изнесуваше 50,8 милијарди долари. Само од ноември до крајот на 2018 година, глобалните инвестиции во финтек изнесуваа 35,5 милијарди долари, со рекордни 1.431 договори.

Дополнително, проекциите говорат дека растот ќе продолжи и во оваа, 2019 година.

Минатата година, само во Европа инвестициите во „финтек“ компании достигнаа 34,2 милијарди долари со 536 договори за инвестициски активности. Најголем центар на „финтек“ компании е Лондон каде четириесет проценти од работната сила е вработена во компании кои даваат финансиски технолошки услуги. Веднаш по него е Стокхолм, а Литванија почнува да станува северноевропски центар за финансиски технолошки компании. Во оваа земја во 2016 година биле издадени 32, а во 2017 година дури 51 лиценци за „финтек“.

Индустријата на „финтек“ брзо се трансформира и влијае и врз индустријата на финансиски услуги во целина, во однос на работењето, регулацијата, искуството на клиентите и друго. Ако на почетокот клиентите сакаа само пофлексибилни начини на плаќање и подобри финансиски услуги, со дигитализацијата и развојот на технологијата, нивните потреби се проширија и на алтернативни извори на финансирање. Многубројни истражувања покажуваат дека дури 69% од клиентите ширум светот сакаат сите свои финансиски услуги да ги завршуваат преку дигитални канали, со само неколку клика, во секое време секаде. Токму затоа потребите за користење на технологијата во секоја сфера од општественото живеење, уште повеќе ќе растат, а со тоа и самата индустрија. Според проценките на експертите, следен чекор во развојот се очекува да биде конвергенцијата меѓу вештачката интелигенција (AI) и финансиските услуги, која почна минатата година, а ќе продолжи уште повеќе и во иднина.

Во Северна Македонија, главен промотор на „финтек“ индустријата се финансиските друштва чие формирање беше овозможено во 2010 година со донесување на Закон за финансиски друштва, со идеја тие да станат дополнување на постојниот финансиски систем. Индустријата на финансиски друштва доживеа вистинска експанзија последниве години, кога дојде до трикратно зголемување како на бројот на одобрени кредити, така и на висината на пласираните средства, а се зголеми и бројот на друштва кои даваат вакви услуги. Ова секако е одраз на потребите на населението и стопанството за обезбедување кредити во едноставни процедури и најчесто на помали износи, што е различно од она што го нудат традиционалните финансиски институции.

Финансиските друштва во своите услуги ги користат современите технолошки решенија со кои едноставно, од компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.

„Финтек“ индустријата е во својот подем во светски рамки, а нејзиниот рапиден раст наметнува постојано унапредување на условите и начините на работа во насока на обезбедување квалитетни услуги по унифицирани стандарди и создавање клима за заедничко разбирање со сите засегнати страни, како законодавните и регулаторните органи. Токму затоа, финансиските друштва во земјава неодамна формираа Асоцијација на финансиски друштва со цел да работат заедно на воведување стандарди за квалитет на услугите, како и за дизајнирање среднорочна стратегија за развој на индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот. Ова, од друга страна ќе придонесе и за поголема транспарентност на финансиската индустрија, и за подигање на свестa во јавноста за потребата и користа од небанкарски финансиски институции како за корисниците, така и за општеството во целина.

Сподели: