Со спојувањето на технологијата и финансиските услуги, финтек индустријата ги направи финансиските услуги уште подостапни за граѓаните. Првенствено претставувана токму од финансиските друштва, овој начин на работа и услуга создава можности за мали и брзи микрокредити, што за граѓаните пак значи инстант услуга и задоволување на некаква непредвидена финансиска потреба.
Брзите онлајн кредити сега се добиваат за многу кратко време – само неколку минути, со далеку поедноставена процедура за одобрување, минимална документација и воопшто целото корисничко искуство е на сосема друго ниво. Небанкарските финансиски друштва своите услуги ги нудат онлајн, а тоа ги прави достапни во било кое време и од било кое место. Бројот на ваквите небанкарски финансиски институции и нивните услуги во државата постојано расте, а со тоа расте и бројот на граѓани кои ги согледуваат нивните предности, овозможени од финансиската технологија.
Овие институции, поради поволностите што ги нудат и специфичноста на нивната дејност, своето место на пазарот го најдоа во задоволување на потребите на граѓаните за брз пристап до релативно мала сума пари за краток рок, нешто што традиционалните финансиски институции не го овозможуваат, или пак, процесот е далеку пообемен и од временска и физичка перспектива: обемна документација, одговор за неколку денови и сл.
Трендот на растот на финтек индустријата во светски рамки се очекува и во иднина да продолжи, што, од една страна ќе значи поголема конкуренцијата на финансискиот пазар, додека од друга страна, тоа ќе значи постојано подобрување на квалитетот на услугата која ја нудат субјектите на пазарот, што се разбира, генерира придобивки кои ќе ги ползуваат крајните корисници.
За да го подигнат квалитетот во работењето како важен предуслов за натамошен раст на целата индустрија, седум од технолошки најнапредните и најголеми финансиски друштва во земјава, во мај годинава формираа Асоцијација на финансиски друштва. Во неа се финансиските друштва Тиго Фајнанс, Мого, Диџитал фајнанс, Кредисимо, М Кеш, СН Финансиско друштво и Иуте кредит, а целта на обединувањето е друштвата е заеднички напор за создавање одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот.
Членките на Асоцијацијата потпишаа и Кодекс за добра пракса со кој се обезбедува повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите кои добиле кредит или планираат да земат одреден кредит од членка на Асоцијацијата. Кодексот се занимава и со прашања како што се проценка на кредитоспособноста на клиентите, етички маркетинг, брза и практична процедура за ревизија на жалби и наплата на долгот. Примената на точките од Кодексот за клиентите е видлива преку печатот Одговорен Кредитор кој членките го имаат усвоено, што ги уверува клиентите дека ќе ги добијат соодветниот третман.