Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија со препораки за граѓаните и клиентите за заштита и превенција од COVID-19

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија и нејзините членки будно ги следат мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со ситуацијата и во рамките на своите активности во целост се ангажираат во намалување на можностите за ширење на вирусот COVID-19.

АФД ги повикува граѓаните и клиентите на финансиските друштва да ги ползуваат придобивките на дигиталните технологии со кои располагаат Финтек компаниите во нашата земја и да го преферираат дигиталниот начин на извршување на своите активности, а посетите на филијалите да го сведат на минимум.

Членките на АФД продолжуваат посветено да работат на испорачување на највисокото ниво на квалитет на услугите и корисничка грижа за клиентите. Сите информации поврзани со активностите на членките на АФД ќе бидат навремено комуницирани со граѓаните преку каналите за комуникација на членките и преку каналите за комуникација на АФД.

 

Сподели: