Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Носителите на Финтек во нашата земја – небанкарските финансиски друштва можат да бидат поддршка на населението во кризните периоди

Проекциите на меѓународните финансиски институции говорат дека Република Северна Македонија ќе се соочи со пад на економијата и до 4% поради состојбите со Корона кризата. Расте стапката на невработеност, се намалува потрошувачката, што директно ќе влијае врз намалување на производството, а тоа пак кон дополнително намалување на платите на вработените, и дефинитивно, намалување на куповната моќ на граѓаните.

Здравствената криза во светот ќе заврши, и иако е сѐ уште не е извесно кога, сепак се прават напори за стабилизирање на состојбите во поглед на ограничувањата на движењето и мерките за заштита и дистанца. Но, она што  е извесно е дека на сцена стапува економска криза, чиишто ефекти допрва ќе ги согледуваме. Моменталната помош на најпогодените сектори претставува привремена инекција кон задржување на овие сектори во живот и е за поздравување. Но, она што е сега неопходно, е стратешки пристап, проценка на штетите и план за поддршка за сите „второ засегнати“ економски субјекти кои во моментот се соочуваат со ликвидносни проблеми. Фокусираната поддршка во овие индустрии од една страна ќе придонесе за нивно преживување во моменталниот период, амортизирајќи дополнителни негативни економски ефекти како отпуштања, намалени давачки и сл., а од друга, тие во иднина ќе преставуваат клучен играч во побрзото закрепнување економијата.

Овде се вбројуваат небанкарските финансиски друштва кои во нашата земја се носители на Финтек индустријата, кои иако имаат скромен удел од 0.44% во вкупните средства, претставуваат  значаен фактор кој ќе може да понуди поддршка на економијата и населението во периодот што следи. Небанкарските финансиски друштва обезбедувале и што е најважно, ќе продолжат да обезбедуваат пристап до финансии за граѓаните и малите бизниси кои имаат потешкотии за пристап до финансиски средства на друг начин, и тоа многу брзо и едноставно, онлајн или филијала, токму во моментите кога е тоа најпотребно, што директно влијание на квалитетот на животот на корисниците на услугите.

Но, небанкарските финансиски друштва во моменталната ситуација припаѓаат на категоријата „второ засегнати“ економски субјекти, чиишто деловни операции во голема мера се афектирани од активните вонредни мерки – 70% намалени можности за кредитирање заради одложување на ануитетите, што  директно влијае врз нивните можности и капацитети да бидат поддршка на малите бизниси и населението, кога евидентно е дека потребата од средства за надминување на кризните периоди е присутна.

Небанкарските Финансиски друштва, за разлика од традиционалните финансиски институции немаат депозити и евтини извори на финансирање, напротив, небанкарските финансиски друштва се финансираат од сопствени средства и други извори со повисок трошок на финансирање, кој изнесува приближно 15%. Кога на сето тоа ќе се додаде и ограничениот или целосно оневозможениот пристап до изворите на финансирање поради глобалната економска криза, многу директно се доведуваат во прашање средствата неопходни за оперативното работење на небанкарските финансиски друштва .

Токму затоа, сега е моментот да се увиди дека небанкарските финансиски друштва можат да му помогнат на населението да го надмине овој кризен период, но за да се реализира тоа, неопходни се средства и фокусирани кредитни линии кои ќе можат да се редистрибуираат до населението преку небанкарските финансиски друштва, со оглед на тоа што, како што претходно беше напоменато, во моменталните услови небанкарските финансиски друштва немаат капацитет и да пласираат средства во обем колкав што му е потребен и ќе му биде потребен во следниот период на населението.

Сподели:

Предизвиците на пандемијата на COVID-19 за небанкарските финансиски друштва

Пандемијата на Ковид-19 навлезе во секоја пора од општественото живеење. Покрај здравствените ризици со кои се соочуваат цели општества, пандемијата предизвика и огромни предизвици за глобалната економија, што драстично и трајно ја менуваат и допрва ќе ја менуваат микро и макроекономската слика.

Првенствено на удар се малите фирми, но и големите компании се соочуваат со еден од најголемите економски предизвици во последните сто години, кој што нанесува значаен удар врз нивното целокупно работење од секаков аспект, интерно, а и на екстерното економско опкружување – приходи, расходи, трошоци, инвестиции, парични текови, вработени.

Во услови кога глобалната здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на COVID-19 зема замав, финансиските друштва како и сите останати компании се соочуваат со проблеми со одржување на ликвидноста, неможност за наплата на побарувањата и со намалување на пристапот до извори на финансирање.

Но, да се навратиме чекор наназад и да се потсетиме која е основната функција на финансиските друштва и примарната потреба за нивните услуги на пазарот.

Небанкарските финансиски друштва овозможуваат пристап до финансии за граѓаните и малите бизниси кои имаат потешкотии за пристап до финансиски средства на друг начин, и тоа многу брзо и едноставно, токму во моментите кога е тоа најпотребно, што директно влијание на квалитетот на животот на корисниците на услугите.

Податоците од истражувањето што го спроведе Асоцијацијата на Финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) минатата година, покажаа дека 12% од испитаниците немаат доволно пари ниту за храна, 57% можат да ги задоволат само потребите за храна и облека, но немаат доволно средства за да купат уреди за домаќинството, 44% од испитаниците не биле во можност да заштедат, а 35% се изјасниле дека со своите заштеди би можеле да живеат околу еден месец. Овие податоци несомнено ја покажаа потребата од финансиски средства, а Финтек индустријата, којашто е во развој насекаде во светот, постои и кај нас со вистинска причина – да ги обезбеди потребните средства, на брз и лесен начин, без дополнително обезбедување.

„Небанкарските финансиски друштва иако се најмладиот сегмент на финансискиот сектор во Северна Македонија, беа најбрзорастечкиот сегмент, којшто во последните неколку години активно ги поддржуваше сите оние граѓани и компании коишто имаа потреба од средства за покривање на секојдневните потреби и обртен капитал. Зборуваме за стотици илјади граѓани кои во одреден момент, имале потреба од финансиски средства за надминување на одредени финансиски потешкотии и милијарди денари ставени на располагање на граѓаните, кои најчесто немаат пристап до кредитите на традиционалните финансиски институции“ – изјави Јана Никодиновска, Генерален секретар на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија.

Разлики помеѓу небанкарските финансиски друштва и традиционалните финансиски институции. Основната разлика помеѓу финансиските друштва и традиционалните финансиски институции се состои во финансирањето, односно традиционалните финансиски институции главно се финансираат од депозити на граѓаните по ниски каматни стапки, додека пак финансиските друштва се финансираат од сопствени средства и други извори со повисок трошок на финансирање, кој изнесува приближно 15%. Кога на сето тоа ќе се додаде и ограничениот или целосно оневозможениот пристап до изворите на финансирање поради глобалната економска криза и дополнителните рестрикции во регулативата, многу директно и многу реално се доведуваат во прашање средствата неопходни за оперативното работење на финансиските друштва, како плати за вработените, обврски кон добавувачи, отплата на кредити, обврски кон добавувачи и сл.

Традиционалните финансиски институции, барем според сегашните податоци и анализи, одржуваат одредено високо ниво на стабилност и профитабилност. Небанкарскиот финансиски сектор во дадените околности веќе се соочува со потешкотии за одржување на ликвидноста. Затоа несомнено се јавува потреба за соодветен рамноправен пристап при распределбата на финансискиот товар од кризата на небанкарскиот финансиски сектор и традиционалниот финансиски сектор.

Индустријата на небанкарски финансиски друштва, иако мала по учество и речиси без системско влијание, вработува над 1.000 млади луѓе, има солиден придонес кон државните давачки и придонесува кон развојот на заедницата преку општествените проекти, а со тоа има директно влијание врз социо-економската динамика. Кон ова, треба да се додаде и улогата на небанкарските финансиски друштва за финансиска инклузија на сите општествени слоеви во нашата држава. Оттука, основано се наметнува прашањето за нивото на рестрикции кое треба да се примени на небанкарските финансиски друштва од регулаторен аспект  како и прашањето за рамномерна распределба на товарот од кризата низ сите сегменти на финансискиот систем. Небанкарскиот финансиски сектор е подготвен да се солидаризира со состојбата во која се наоѓаат граѓаните и општеството во целина и е подготвен да понуди олеснувања за засегнатите граѓани и компании, но не може да си дозволи  еквивалентни мерки на традиционалниот финансиски систем. „Драстични рестриктивни мерки ќе бидат погубни за индустријата која делува во и онака отежнати услови, во отсуство на финансиска поддршка од државата која евентуално би ги ублажила ударите од влијанието на кризата.“ – додаде Никодиновска.

Со сето ова се доведува во прашање опстојувањето на Финтек индустријата, а со тоа и опасноста да се пресечат алтернативни канали на финансирање за многу микро и мали компании, како и за голем дел од населението, затоа што традиционалните финансиски институции и пред кризата се покажаа резистентни да им даваат кредити, нешто на што и меѓународните финансиски институции, како ОЕЦД, постојано упатуваат и укажуваа за неопходна поддршка и развој на алтернативните пристапи до финансирање.

Сподели:

Информација за работното време и совети за користење на услугите на членките на АФД

Во услови на зголемена опасност од ширење на вирусот КОВИД-19 во нашата земја, Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија ги информира и уверува граѓаните дека членките на АФД преземаат мерки за максимална заштита на граѓаните и клиенти на финансиските друштва.

Во таа смисла, членките на АФД воведоа мерки и планови за заштита на своите вработени и клиенти и посебни мерки за работа на филијалите согласно ограничувањата за движење на Владата на Република Северна Македонија. Финансиските друштва го променија работното време на филијалите и ги применуваат упатствата за држење на социјална дистанца, редовна дезинфекција на просториите, како и практикување на лична хигиена и носење на заштитна опрема за своите вработени.

АФД ги повикува граѓаните и клиентите на финансиските друштва да ги ползуваат придобивките на дигиталните технологии со кои располагаат Финтек компаниите во нашата земја и да го преферираат дигиталниот начин на извршување на своите активности, а посетите на филијалите да го сведат на минимум.

Членките на АФД продолжуваат посветено да работат на испорачување на највисокото ниво на квалитет на услугите и корисничка грижа за клиентите.

Следете ги редовно информациите поврзани со заштитните мерки преку каналите за комуникација на членките и преку каналите за комуникација на АФД.

 

Сподели: