Во услови на зголемена опасност од ширење на вирусот КОВИД-19 во нашата земја, Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија ги информира и уверува граѓаните дека членките на АФД преземаат мерки за максимална заштита на граѓаните и клиенти на финансиските друштва.
Во таа смисла, членките на АФД воведоа мерки и планови за заштита на своите вработени и клиенти и посебни мерки за работа на филијалите согласно ограничувањата за движење на Владата на Република Северна Македонија. Финансиските друштва го променија работното време на филијалите и ги применуваат упатствата за држење на социјална дистанца, редовна дезинфекција на просториите, како и практикување на лична хигиена и носење на заштитна опрема за своите вработени.
АФД ги повикува граѓаните и клиентите на финансиските друштва да ги ползуваат придобивките на дигиталните технологии со кои располагаат Финтек компаниите во нашата земја и да го преферираат дигиталниот начин на извршување на своите активности, а посетите на филијалите да го сведат на минимум.
Членките на АФД продолжуваат посветено да работат на испорачување на највисокото ниво на квалитет на услугите и корисничка грижа за клиентите.
Следете ги редовно информациите поврзани со заштитните мерки преку каналите за комуникација на членките и преку каналите за комуникација на АФД.