Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Потпишан меморандум за соработка помеѓу АЕТМ и АФД

Партнерство помеѓу едни од водечките индустрии за дигитална трансформација на општеството – Финтек индустријата и е-трговијата

Во насока на развој на е-трговијата и финтек секторот во Северна Македонија, АФД – Асоцијацијата на финансиски друштва и АЕТМ – Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, склучија Меморандум за Соработка со кој обете Асоцијации ќе работат на промовирање и имплементација на современите достигнувања во е-трговијата и финтек во секојдневното живеење на граѓаните во Северна Македонија, како и подигнување на нивото на дигитална и финансиска писменост на населението.

АФД и АЕТМ соработката ќе ја остваруваат преку размена на информации од заеднички интерес, организирање на заеднички активности и проекти, учество на семинари, конференции, тркалезни маси и други едукативни содржини од областа на е-трговија, финтек и слични теми, размена на искуства и давање на професионални совети.

„Нашите основни цели кон коишто се стремиме и работиме уште од формирањето на Асоцијацијата се подигнување на јавната свесност за Финтек индустријата и нивните можности, како и едукација на населението за придобивките од користење на современите технолошки решенија. Преку соработката со АЕТМ веруваме дека заеднички ќе успееме во напорите да придонесеме кон создавање на финансиски и дигитално едуцирано население кое ги ужива придобивките од дигиталната доба во која живееме.изјави Јана Никодиновска, Генерален Секретар на АФД.

„Моменталната ситуација поврзана со COVID-19, даде можност сите да се уверат колку е потребна дигитализацијата на процесите час поскоро. Како Асоцијација за е-трговија на Македонија, изминатиов период цврсто се залагавме за подобрена едукација кога се во прашање дигиталните вештини, работевме на подигнување на свеста од потребите на е-трговијата во секој бизнис, а сега директно финансиски и консултативно помагаме за отворање на нови 40 е-продавници со цел зголемување на понудата. Веруваме дека потпишувањето на овој меморандум со АФД ќе биде само почеток кон една плодна соработка преку која успешно ќе се справуваме со предизвиците кои ги носи дигитализацијата и заеднички ќе придонесеме кон едно – дигитално паметно општество, каде е-трговијата и финтек индустријата ќе бидат составен дел од тоа општество„ – изјави Филип Чижбановски, в.д. претседател на АЕТМ.

 

* * *

За АФД

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија и нејзините членки ФД Тиго Фајнанс, ФД Кредисимо, ФД М-Кеш, СН Финансиско друштво, ФД Мого и ФД Дигитал фајнанс, вложува големи напори за обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата, еднаквост и етика, промоција на сигурни, општествено одговорни и одржливи практики на кредитирање, промоција на можностите што ги нудат небанкарските финансиски технолошки решенија, а кои ќе бидат од корист на поединците и општеството, како и изградба на конструктивен дијалог и дизајнирање среднорочна стратегија за одржлив развој на индустријата заедно со надзорните органи, регулаторот и законодавецот во државата. Повеќе информации за АФД се достапни на веб страницата www.afd.mk

  За АЕТМ

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е прва и единствена асоцијација која се стреми кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да креираме иднина за раст и развој на е-трговијата во Република Македонија. Асоцијацијата има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија како и сите засегнати компании и организации, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово прошиурување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Преку најразлични активности како што се обуки и истражувања, лобирање и информирање асоцијацијата се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговијата во С.Македонија. Асоцијацијата беше основана во декември 2017 година и за само две години успеа да изгради партнерска соработка со сите засегнати страни од синџирот за е-трговија. Моментално брои речиси 80 компании кои станаа нејзини членови и поддржувачи.

“Ние веруваме дека иднината за подобра С. Македонија е во дигитална Македонија и смарт општество, а е-трговијата е интегрален дел од едно такво општество.”

Сподели:

Одблиску со членките на АФД: M Keш – Интервју со Ристе Глигоровски, Извршен директор на М Кеш Македонија

Кои се М Кеш Македонија?

М Кеш Македонија е првото онлајн финансиско друштво во Македонија кое ги наруши традиционалните начини на финансирање на населението и се етаблира како пионер на пазарот за микрофинансирање. Ние сме водени од технологија, иновативност и грижата за нашите клиенти. М Кеш Македонија е основоположник на финтек индустријата во Македонија и уште од 2014 година им овозможува на своите клиенти брзо, лесно и удобно да добијат финансиски ресурси преку модерни технологии и во согласност со принципите на одговорно и етичко кредитирање. Од 2018, М Кеш Македонија е присутна и низ целата држава со 24 Продавници за пари. М Кеш Македонија е дел од Менаџмент Фајненшл Груп (МФГ), групација која обединува водечки даватели на небанкарски финансиски услуги во Централна и Источна Европа.

М Кеш Македонија нуди низа на мали кредити од 3 до 70 илјади денари кои може да се отплаќаат еднократно или на рати и тоа месечни или двоседмични, во зависнот од желбата на клиентите. Кредитите се необезбедени и за да се аплицира потребно е само лична карта или пасош. Интересното е што нудиме можност кредитите да се обезбедат со жирант со што истите стануваат многу поефтини и се многу покомпетитивни од останатите финансиски продукти на пазарот. Сите наши продукти се дизајнирани во корист на клиентите и се стремиме нашата услуга да биде што поудобна за нив, секогаш ставајќи ја транспарентноста во комуникацијата на понудите на прво место.

Зошто М Кеш Македонија е член на АФД?

Идејата за формирање на АФД се појави како резултат од развојот на финтек индустријата во Македонија. Сметавме дека е потребно заеднички да се постават рамките и стандардите во релативно новата индустрија, со цел да се обезбеди лесен и брз, но пред се јасен и транспарентен начин на алтернативни финансиски ресурси за речиси сите граѓани. Дополнително, сметаме дека една од основните фукции на АФД, односно зголемувањето на финансиската писменост на граѓаните, ќе доведе до повисоко ниво на информираност кај потрошувачите, а со тоа и зголемена доверба кај небанкарските финансиски институции. Дополнително и она што нас нѐ издвојува е ознаката за Одговорен Кредитор што гарантира повисока заштита на потрошувачите и потрошувачот кога ќе ја забележи ознаката е сигурен дека се почитуваат принципите и етиката во кредитирањето во согласност со одредбите од Кодексот на добра пракса, кој што го потпишаа членките на Асоцијацијата.

Какви се предизвиците од корона вирусот за финансиските друштва воопшто и специфично за М Кеш Македонија

2020 година се покажа како најпредизвикувачка година за сите бизниси. Времето во кое живееме, нè принуди да ги преиспитаме нашите приоритети и начинот на живот. За време на пандемијата, прилично моравме да го преработиме нашиот бизнис, нашата заедница, нашето семејство. Домовите ни станаа канцеларии, од каде бевме поддршка за нашите колешки и колеги кои беа во Продавниците за пари, заедно со нашите клиенти. Во изминатите неколку месеци, како дел од МФГ, успеавме да одговориме на очекувањата на нашите клиенти, да понудиме олеснување и уверување на сите оние кои имаа потреба, да ги обезбедиме работните места во и надвор од компанијата. Горди сме што сме меѓу компаниите кои преземале рани мерки за да ги заштитиме и нашите клиенти и нашите колеги.

Какви се плановите на компанијата во следниот период?

Нашата мисија секогаш беше да обезбедиме пристап до финансиски ресурси за сите луѓе. Тоа не се смени, се разбира. Наша граѓанска должност е да се осигураме дека најранливите од нашите сограѓани Македонци ги добиваат финансиските ресурси што им се потребни и се чувствуваат удобно и спокојно во оваа необична ситуација. Одговорноста и емпатијата се клучни за М Кеш Македонија и оваа криза го докажа тоа уште еднаш. Се разбира, моравме да преземеме одредени чекори за да го обезбедиме деловниот континуитет и безбедноста на нашите колеги и на нашите клиенти. Покрај тоа, презедовме мерки за да ги ослободиме нашите најранливи клиенти и да се осигураме дека можат да ги исполнат нивните предизвици додека трае оваа ситуација. Со други зборови, континуирано се адаптираме на секојдневните промени, внимателно следејќи ги светските и домашните стручни совети.

Сподели: