Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија на работен состанок со Министерството за Финансии на Република Северна Македонија  

Вчера, 18 јуни 2020 година, се одржа состанок преку конференциска врска помеѓу преставниците на АФД Асоцијацијата на финансиски друштва и претставници на Министерство за финансии на Република Северна Македонија. На средбата се направи осврт на состојбата во која се наоѓаат небанкарските финансиски друштва во услови на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19, предизвиците и  ризиците за небанкарскиот финансиски сектор кои доаѓаат како резултат на здравствената криза и регулаторните измени во текот на пандемијата и потоа, како и можностите и начини на поддршка на финансиските друштва.

Преставниците на АФД ги потенцираа предизвиците за небанкарскиот финансиски сектор, посочувајќи дека е неоходна поддршка од државата за опстојување на индустријата, посебно во смисла на одржување на алтернативните канали на финансирање за граѓаните и малите бизниси во Северна Македонија кои во пост-кризниот период ќе играат значајна улога во надминување на економските ефекти од истата.

На крајот на средбата беше изразена спремност од двете страни за продолжување на меѓусебната комуникација и соработката, со цел изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за континуитет на финтек индустријата под овие здравствено-економски услови.

Небанкарскиот финансиски сектор е подготвен да се солидаризира со состојбата во која се наоѓаат граѓаните и општеството во целина и е подготвен да понуди олеснувања за засегнатите граѓани и компании во пост-кризниот период.

 

 

Сподели: