Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

АФД на работен состанок со Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи

На 16 октомври 2020 година, претставници на АФД Асоцијација на финансиски друштва на Северна Македонија предводени од Претседателот на Асоцијацијата, Филип Димитровски, остварија состанок со Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација  со економски ресори и инвестиции, Фатмир  Битиќи.

На состанокот беа презентирани  активностите и заложбите на Асоцијацијата, а Претседателот на Асоцијацијата даде осврт и на последните движења во небанкарскиот финансиски сектор, популарно наречен “FinTech”, состојбите и предизвиците со кои се соочуваат небанкарските финансиски друштва во услови на криза од пандемијата на ковид-19, како и перспективите за развој на секторот во Северна Македонија.

Како заклучок од средбата беше потврдена подготвеноста за понатамошна соработка и отворен дијалог во насока на континуирано информирање за состојбите, трендовите и новостите во секторот на финансиските друштва и градење на партнерски однос. Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија посочи дека таквата заедничка комуникација е посебно важна за согледувањето на натамошните предизвици за небанкарскиот финансиски сектор и изнаоѓање на заеднички решенија за состојбите.

Асоцијацијата на Финансиски друштва останува посветена кон својата мисија да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина.

Сподели: