Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Истражуваме, учиме и се едуцираме со АФД

Растот и развојот на финансиските друштва денес е неминовен и евидентен, како во светот така и во нашава држава. Самото тоа е поткрепено со напредна технологија и напреден платен систем, кои па поврзани заедно прават бум на финансискиот пазар. Финтек индустријата се појавила  токму во оној момент кога настанале различните потреби за алтернативни и напредни начини на финансирање. Лесниот пристап до кредити преку интернет, современиот начин на аплицирање за кредити преку интернет, ефикасните и едноставните процедури на одобрување на кредитите ја зголемуваат финансиската инклузија во нашата земја. Финансиските друштва излегуваат во пресрет на дел од населението коешто има потреба од кредитирање, а коешто нема пристап до традиционалните обезбедувачи на кредити. На ваков начин се зголемува финансиската вклученост на одделни слоеви на населението, се поддржува нивната куповна моќ.

Улогата на финансиските друштва е значајна во поглед на зголемување на степенот на финансиска интермедијација. Брзиот раст на кредитите на финансиските друштва во последните години (за 2,5 пати од 2015 до 2019 година) укажува на висока кредитна побарувачка, односно на потреба за повисока финансиска вклученост на одредени слоеви на населението и малите фирми. Растот на кредитите на небанкарските финансиски институции (НБФИ) во кои се вклучени покрај финансиските друштва, лизинг компаниите и штедилниците, во 2020 година, го надмина растот на кредитите на банките на приватниот сектор. Годишниот раст на кредитите на приватниот сектор од НБФИ изнесуваше 13,5%, додека на банките 4%. Во текот на 2021 година позначајно се зголемува учество на средствата на финансиските друштва во вкупните средства на финансискиот сектор и тоа од 0,6% на крајот на 2020 година, на 0,8% на крајот на третото тримесечје од 2021 година.

Граѓаните се делумно запознаени со услугите и поволностите на финансиските друштва, и токму затоа е потребна поголема финансиска едукација која ќе ги доближи до крајните корисници услугите нудат токму финансиските друштва, со цел да увидат дека овој начин на финансирање е иднината на нашата економија, а нивен тек за полесна иднина. Затоа, финансиските друштва се гледаат како интегрален дел од кредитниот пазар, од којшто бенефит имаат домаќинствата и целата економија.

Небанкарските финансиски друштва вложуваат големи средства и вработуваат над 1.000 луѓе, млад и способен кадар, и истите тие се повеќе активно се вклучуваат. Меѓутоа, не сите доволно знаат што се нуди оваа индустрија и што се има да понуди во блиска иднина. За таа цел, допирање до поширока публика со, не само интересни, туку и корисни теми за она што се случува, но и она што следува во оваа дејност и трендовите кои најмногу се споменуваат на светско ниво, Асоцијацијата на финансиски друштва постојано отвора теми, дискусии и активности во кои се обработуваат и објавуваат различни теми од областа на финтек и конкретно токму за финансиските друштва.

Покрај информациите кои се добиваат преку социјалните медиуми за секое друштво поединечно, ова ќе биде главно и општо поле за сите нив. Граѓаните треба да градат капацитети за прифаќање на финтек кој е веќе новата нормала во општеството.

 

Следете нè! Наскоро ќе зборуваме за:

  • Брзиот и ефикасен развој на финтек индустријата и финансиските друштва во минатото и денес
  • Главна алатка што ги издвојува финансиските друштва од традиционалните финансиски институции
  • “Мултитаскинг” во финтек
  • Добро обучени кадри и онлајн системи – формула за успешна продажба
  • Флексибилност и следење на најнови трендови – што тоа значи?
Сподели: