Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

“MULTITASKING” во ФИНТЕК

Кога ќе се спомне поимот мултитаскинг, често помислуваме на вршење на повеќе работи истовремено и се чини невозможно да се постигне сè.

Меѓутоа, во светот на финтек индустријата, мултитаскинг е „MUST HAVE“ што треба да поседува еден вработен во оваа дејност. Стереотипот што е вкоренет меѓу индивидуите е дека само една работна активност може да се извршува во даден момент, но во Финтек индустријата оваа изјава е апсолутно не апликативна.

Финтек компаниите се сретнуваат со комплексни, напредни и иновативни процеси, при што, за да се дојде до краен ефективен резултат, тимот треба да биде доволно стручен и подготвен за непречено да извршува две до три работи истовремено во текот на работното време и работната активност. Брзината и ефикасноста на процесите во финансиските друштва ја бара таа комбинација на вештини, флексибилност и продуктивност што го сочинуваат тој мултитаскинг. Според истражувањата на одделот за финансии на универзитетот Харвард, во оваа дејност, вршењето на повеќе работи истовремено, но на лош начин, ја намалува продуктивноста на мозокот за 40%, но доколку се стави фокусот на максимум, работниот прогрес може да се зголеми за исто дури 40%!

Според д-р Селест Хедли се користат два типа на “mindset” и тоа, аналитичен, односно сосредочен на задачи и активно ангажиран во решавање проблемич и, поапстрактен, каде што се јавуваат ненадејни идеи и откритија. Токму оваа комбинација дава извонреден резултат, а би било идеално еден компаниски кадар да е обучен токму во оваа насока.

Денешниот тек на работење, односно давањето услуги на физичките лица, е значајно олеснето и едноставноста е максимизирана и она што се добива од финансиското друштво е FULL PACKAGE за клиентот за многу кратко време, што и всушност го издвојува од другите финансиски институции. Но, зад таа крајна цел, лежат токму повеќе позадински процеси и сите тие се мултитаскинг доведени до совршена ефикасност.

Финансиските експерти оценуваат дека во последниве неколку години брзината на кредитирање на физички лица е зголемена за 30% од она што можело да им се понуди дотогаш. Што говори за фактот дека ова е економска алка на сегашноста, но и иднината на финансирањето, а рамо до рамо повторно со мал, но комплексен поим-мултитаскинг.

А, кога веќе зборуваме за финтек индустријата, мора да се осврнеме на фактот, дека таа нуди најсовремена технологија за извршување на процесите, што на секаков начин го олеснува извршувањето на повеќе задачи. Па, таа брзина и едноставност произлегува од користењето на напредната технологија, што како што рековме е зголемено за 30% во однос на минати години.

Оттука и мултитаскингот и тоа како, оди рамо до рамо со технолошките предности на денешницата, а токму тоа и ги одвојува финтек компаниите од традиционалните финансиски институции.

Сподели: