Претседател на Асоцијацијата
Претстедател на асоцијацијата се грижи за:
- Долгорочен развој на секторот за алтернативни финансиски услуги во Северна Македонија
- Дијалог со клучни политички и институционални акционери
- Вмрежување со клучните чинители на пазарот од секторот за алтернативни финански услуги

Jана Никодиновска, Генерален секретар
Генералниот секретар на Асоцијацијата се грижи:
- Интерно уредување на Асоцијацијата
- Имплементација на надзор над согласноста на членките со одредбите од Кодексот на добра пракса и други одобрени документи
- Претставување на асоцијацијата во комуникација со нејзините членови и странки
- ПР и промоција на Асоцијацијата
- Зајакнување на односите со регулаторот и другите засегнати страни
- Менаџирање на секојдневната работа

Собрание
Собранието се состои од сите членови на Асоцијацијата и претставува врвна институција за донесување одлуки на асоцијацијата.
Само Собранието е овластено да ги врши следниве активности:
- За изменување и дополнување на Статутот на асоцијацијата
- Избира или повлекува ревизор и членови на Надзорниот одбор
- Да одлучува за ликвидација или реорганизација на асоцијацијата
- Да одлучува за прашања поврзани со акционерското работење во трговски друштва или други невладини организации.
Надзорен одбор на Асоцијацијата
Во надзорниот одбор има по еден претставник од секоја компанија-членка што се избира за период од две години.
Следните обврски се во надлежност на Надзорниот Одбор на асоцијацијата:
- Одобрување на буџетот на асоцијацијата
- Давање мислење за актуелни проблеми во секторот и нивни решенија
- Одобрување на одредби и стандарди на добра пракса во секторот
Ревизор
Ревизорот врши контрола на финансиските и економските активности на асоцијацијата и е избран од Генералното Собрание за период од една година.