Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

“MULTITASKING” во ФИНТЕК

Кога ќе се спомне поимот мултитаскинг, често помислуваме на вршење на повеќе работи истовремено и се чини невозможно да се постигне сè.

Меѓутоа, во светот на финтек индустријата, мултитаскинг е „MUST HAVE“ што треба да поседува еден вработен во оваа дејност. Стереотипот што е вкоренет меѓу индивидуите е дека само една работна активност може да се извршува во даден момент, но во Финтек индустријата оваа изјава е апсолутно не апликативна.

Финтек компаниите се сретнуваат со комплексни, напредни и иновативни процеси, при што, за да се дојде до краен ефективен резултат, тимот треба да биде доволно стручен и подготвен за непречено да извршува две до три работи истовремено во текот на работното време и работната активност. Брзината и ефикасноста на процесите во финансиските друштва ја бара таа комбинација на вештини, флексибилност и продуктивност што го сочинуваат тој мултитаскинг. Според истражувањата на одделот за финансии на универзитетот Харвард, во оваа дејност, вршењето на повеќе работи истовремено, но на лош начин, ја намалува продуктивноста на мозокот за 40%, но доколку се стави фокусот на максимум, работниот прогрес може да се зголеми за исто дури 40%!

Според д-р Селест Хедли се користат два типа на “mindset” и тоа, аналитичен, односно сосредочен на задачи и активно ангажиран во решавање проблемич и, поапстрактен, каде што се јавуваат ненадејни идеи и откритија. Токму оваа комбинација дава извонреден резултат, а би било идеално еден компаниски кадар да е обучен токму во оваа насока.

Денешниот тек на работење, односно давањето услуги на физичките лица, е значајно олеснето и едноставноста е максимизирана и она што се добива од финансиското друштво е FULL PACKAGE за клиентот за многу кратко време, што и всушност го издвојува од другите финансиски институции. Но, зад таа крајна цел, лежат токму повеќе позадински процеси и сите тие се мултитаскинг доведени до совршена ефикасност.

Финансиските експерти оценуваат дека во последниве неколку години брзината на кредитирање на физички лица е зголемена за 30% од она што можело да им се понуди дотогаш. Што говори за фактот дека ова е економска алка на сегашноста, но и иднината на финансирањето, а рамо до рамо повторно со мал, но комплексен поим-мултитаскинг.

А, кога веќе зборуваме за финтек индустријата, мора да се осврнеме на фактот, дека таа нуди најсовремена технологија за извршување на процесите, што на секаков начин го олеснува извршувањето на повеќе задачи. Па, таа брзина и едноставност произлегува од користењето на напредната технологија, што како што рековме е зголемено за 30% во однос на минати години.

Оттука и мултитаскингот и тоа како, оди рамо до рамо со технолошките предности на денешницата, а токму тоа и ги одвојува финтек компаниите од традиционалните финансиски институции.

Сподели:

Економското влијание на небанкарските финансиски друштва порасна и надмина милијарда денари

Асоцијацијата на финансиски друштва ja објави анализата за економското влијание на индустријата на небанкарски финансиски друштва во 2021.

Според податоците, економското влијание, прикажано низ параметрите: материјални трошоци, трошоци за услуги, вработени и јавни давачки, изнесуваат над 1,2 милијарда денари, што споредено со минатата година претставува зголемување од 48%, и воедно, претставува силен индикатор за позитивното влијание на индустријата врз целокупната економија.

Приказ на економско влијание по ставки:

Придонесот на небанкарските финансиски друштва во државната каса споредено со 2020 година порасна за драстични 63%, достигнувајќи износ од близу 274 милиони денари, каде како главни двигатели се земени предвид трошоците за даноци на плати и надоместоци на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и данок на добивка.

Индустријата на небанкарските финансиски друштва вработува претежно млад кадар, а годишните издатоци за вработени по основа на плати за вработени и давачки по основ на вработување порасна за околу 120 милиони денари споредено со 2020 г., достигнувајќи износ од 426 милиони денари на крајот од 2021 г.

Засилувањето на влијанието на небанкарските финансиски друштва врз економијата во 2021 година оди во права пропорција со економската активност на небанкарските финансиски друштва, кое беше посочено и во Третото годишно истражување на пазарот на небанкарски финансиски друштва. Имено, во текот на 2021 година позначајно се зголеми учеството на средствата на финансиските друштва во вкупните средства на финансискиот сектор и тоа од 0,6% на крајот на 2020 година, на 0,8% на крајот на третото тримесечје од 2021 година, како резултат на забрзаното кредитирање на физичките лица и тоа со високи двоцифрени стапки на раст. Во второто и третото тримесечје на 2021 година кредитите на физичките лица забележаа годишен раст од околу 50% и 60%, соодветно.

“Резултатите од анализите потврдуваат дека финансиските друштва имаат значајна улога во одржување на куповната моќ на населението од една страна, но и врз севкупната економија поради својот придонес кон буџетот и вработувањата.

Овие два важни параметри од работењето на небанкарските финансиски друштва директно влијаат и помагаат во заздравувањето на економијата во пост-Ковид периодот. Но, улогата и важноста на небанкарските финансиски друштва во македонската економија дополнително се засилува и добива на значење и во моменталниот период на економски предизвици поради глобалната економска ситуација, растот на трошоците за живот кои задираат во секојдневието на секој граѓанин. Особено, ова се однесува на поддршката која небанкарските финансиски друштва можат да им ја обезбедат на граѓаните за надминување на предизвиците од економската неизвесност и ценовните шокови, секако во целосни услови на одговорно кредитирање и економски прифатливи регулаторни околности”, изјави Филип Димитровски, претседател на Асоцијацијата на финансиски друштва.

Сподели:

Брзиот и ефикасен развој на финансиските друштва

Финтек индустријата сама по себе го однесе светот на едно повисоко ниво  и континуирано создава сè повеќе и повеќе можности за полесно функционирање на поединецот во општеството.

Кога говориме за Финтек, на што всушност главно размислуваме?

Нови услуги кои со користење на напредни и иновативни технологии ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги, односно компании кои користат напредна иновативна технологија за алтернативно финансирање со цел да ја подобрат конкурентската предност.

Составен дел од оваа индустрија се финансиските друштва, чиј развој претставува една од клучните економски алки за финансиска инклузија на населението. Во 2010 година со донесувањето на Законот за финансиски друштва, се овозможи почетокот на работата на финансиските друштва, чија главна регулација ја има Министерството за финансии.

12 години подоцна, финансиските друштва достигнаа високо ниво на финансиска важност која од година в година, значително расте.

Растот на број на финансиски друштва, чија бројка е моментално 32 регистрирани финансиски друштва, понатаму збогатувањето и модернизирањето на услугите кои истите ги нудат, ги отсликува движењата на побарувачката на пазарот за потребата за пристап до финансии, обезбедувајќи пристап до финансирање за физичките лица и малите компании на кои не им се достапни кредитите од традиционалните финансиски институции.

Брзиот раст на кредитите на финансиските друштва во последните години (за 2,5 пати од 2015 до 2019 година) укажува на висока кредитна побарувачка, односно на потреба за повисока финансиска вклученост на одредени слоеви на населението и малите фирми. Само од 2020 до оваа година, бројот на кредити издадени во финансиските друштва е во пораст, а просечната сума на издаден кредит е 17 000 ден.

Во текот на 2021 година позначајно се зголемува учеството на средствата на финансиските друштва во вкупните средства на финансискиот сектор и тоа на 0,8% на крајот на третото тримесечје од 2021 година. Ова се должи на забрзаното кредитирање на физичките лица и тоа со високи двоцифрени стапки на раст. Во второто и третото тримесечје на 2021 година кредитите на физичките лица бележат годишен раст од околу 50% и 60%, соодветно.

Условите за кредитирање се различни во поединечно финансиско друштво, и не може да се каже дека има одредена унификација за начин на одобрување кај сите нив, но она што сите ги карактеризира е брзината и едноставноста на процесот. Напредната технологија се користи во сите сегменти на процесите и од моментот на аплицирање и самата евалуација на кредитната способност на поединечен клиент до издавање на кредитот, анализата и проверката е спроведена стручно и позадински на ефикасен начин и кратко време.

За да се  гарантира дека поединечен клиент е подобен за подигање кредит со неговите финансиски услови и да може да се избегне преземање на несоодветни финансиски обврски, финансиските друштва ја проверуваат кредитоспособноста на клиентот, која ја оценуваат согласно законите, и со користење на современи, брзи и ефикасни модели на оцена на кредитен ризик.

Фактот стои, дека се и ќе бидат се поголеми двигатели на пазарот за побарувачка на финансиски средства на физичките лица и потпора на домаќинствата за сите нивни тековни потреби и опстанок во сегашната ситуација на сè поголеми трошоци за живот, секако, преку одговорно кредитирање.

Сподели:

Истражуваме, учиме и се едуцираме со АФД

Растот и развојот на финансиските друштва денес е неминовен и евидентен, како во светот така и во нашава држава. Самото тоа е поткрепено со напредна технологија и напреден платен систем, кои па поврзани заедно прават бум на финансискиот пазар. Финтек индустријата се појавила  токму во оној момент кога настанале различните потреби за алтернативни и напредни начини на финансирање. Лесниот пристап до кредити преку интернет, современиот начин на аплицирање за кредити преку интернет, ефикасните и едноставните процедури на одобрување на кредитите ја зголемуваат финансиската инклузија во нашата земја. Финансиските друштва излегуваат во пресрет на дел од населението коешто има потреба од кредитирање, а коешто нема пристап до традиционалните обезбедувачи на кредити. На ваков начин се зголемува финансиската вклученост на одделни слоеви на населението, се поддржува нивната куповна моќ.

Улогата на финансиските друштва е значајна во поглед на зголемување на степенот на финансиска интермедијација. Брзиот раст на кредитите на финансиските друштва во последните години (за 2,5 пати од 2015 до 2019 година) укажува на висока кредитна побарувачка, односно на потреба за повисока финансиска вклученост на одредени слоеви на населението и малите фирми. Растот на кредитите на небанкарските финансиски институции (НБФИ) во кои се вклучени покрај финансиските друштва, лизинг компаниите и штедилниците, во 2020 година, го надмина растот на кредитите на банките на приватниот сектор. Годишниот раст на кредитите на приватниот сектор од НБФИ изнесуваше 13,5%, додека на банките 4%. Во текот на 2021 година позначајно се зголемува учество на средствата на финансиските друштва во вкупните средства на финансискиот сектор и тоа од 0,6% на крајот на 2020 година, на 0,8% на крајот на третото тримесечје од 2021 година.

Граѓаните се делумно запознаени со услугите и поволностите на финансиските друштва, и токму затоа е потребна поголема финансиска едукација која ќе ги доближи до крајните корисници услугите нудат токму финансиските друштва, со цел да увидат дека овој начин на финансирање е иднината на нашата економија, а нивен тек за полесна иднина. Затоа, финансиските друштва се гледаат како интегрален дел од кредитниот пазар, од којшто бенефит имаат домаќинствата и целата економија.

Небанкарските финансиски друштва вложуваат големи средства и вработуваат над 1.000 луѓе, млад и способен кадар, и истите тие се повеќе активно се вклучуваат. Меѓутоа, не сите доволно знаат што се нуди оваа индустрија и што се има да понуди во блиска иднина. За таа цел, допирање до поширока публика со, не само интересни, туку и корисни теми за она што се случува, но и она што следува во оваа дејност и трендовите кои најмногу се споменуваат на светско ниво, Асоцијацијата на финансиски друштва постојано отвора теми, дискусии и активности во кои се обработуваат и објавуваат различни теми од областа на финтек и конкретно токму за финансиските друштва.

Покрај информациите кои се добиваат преку социјалните медиуми за секое друштво поединечно, ова ќе биде главно и општо поле за сите нив. Граѓаните треба да градат капацитети за прифаќање на финтек кој е веќе новата нормала во општеството.

 

Следете нè! Наскоро ќе зборуваме за:

  • Брзиот и ефикасен развој на финтек индустријата и финансиските друштва во минатото и денес
  • Главна алатка што ги издвојува финансиските друштва од традиционалните финансиски институции
  • “Мултитаскинг” во финтек
  • Добро обучени кадри и онлајн системи – формула за успешна продажба
  • Флексибилност и следење на најнови трендови – што тоа значи?
Сподели:

Интервју со Претседателот на АФД Филип Димитровски за Македонско радио – Радио Скопје

Минатата недела Асоцијацијата на финансиски друштва, претставувана од претседателот Филип Димитровски, говореше за работата на финансиските друштва, интересот на граѓаните, како и понатамошните чекори во секторот.

Преслушајте го интервјуто подолу

Сподели:

Презентирани резултатите од Третото годишно истражување на пазарот на небанкарски финансиски друштва

ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПОДДРШКА ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ВО ПАНДЕМИЈА НА КОВИД-19

Финтек индустријата ќе биде новата нормала. Работењето на финтек компаниите ја зголемува конкуренцијата и поттикнува иновации во рамките на традиционалните даватели на финансиски услуги.

Во организација на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија денеска се одржа презентација на резултатите од третото годишно истражување за индустријата на финансиските друштва. Истражувањето беше спроведено во текот на месец ноември и декември 2021 година од страна на Маја Кадиевска – Војновиќ – финансиски експерт, поранешен вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи и тековно, предавач на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и проф. д-р Марко Андонов, Правен експерт, редовен професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, почесен Конзул на Грузија.  Истражувањето опфати финансиска анализа на секторот на небанкарските финансиски друштва согласно податоците достапни од НБРМ и преглед на регулативата.

И покрај влијанието на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, вкупните средства на  финансиските друштва забележаа двоцифрен годишен раст од 14,7% во 2020 година. Овој раст е четврт по големина во рамки на домашниот финансиски систем, односно следи по растот на средствата на друштвата за управување со инвестициски фондови, на задолжителните пензиски фондови и на доброволните пензиски фондови. Зголемувањето на активата на финансиските друштва се должи на продолжената кредитна поддршка на приватниот сектор и во услови на пандемија.

„Така, растот на кредитите на небанкарските финансиски институции (НБФИ) во кои се вклучени покрај финансиските друштва, лизинг компаниите и штедилниците, го надмина растот на кредитите на банките на приватниот сектор. Годишниот раст на кредитите на приватниот сектор од НБФИ изнесуваше 13,5%, додека на банките 4%. Финансиските друштва имаа годишен раст од 13,2%, што е успорен раст во однос на растот од 2019 година, но сепак, и понатаму е двоцифрен. Ова укажува на понатамошен придонес во зголемување на степенот на финансиска интермедијација од страна на овој мал, но значаен сегмент од кредитниот пазар“, изјави Кадиевска – Војновиќ.

Сепак, учеството на средствата на финансиските друштва во рамки на вкупните средства на финансискиот сектор во 2020 година се задржа речиси непроменето на 0,6%, но бројот на финансиските друштва се зголеми од 27 на 30, со што истите се најбројни, по осигурителните брокерски друштва.

Кадиевска – Војновиќ посочи дека 79% од вредноста на активните договори на кредитите на финасиските друштва се со физички лица. Генерално, кредитите се во денари, а просечна вредност на договорите за физичките лица во 2020 г. изнесуваше околу 280 евра во денарска противвредност.

„Во текот на 2020 година, бројот на клиенти физички лица се зголемени за околу 16.000, со што бројката на клиенти физички лица се искачи над 115.000 лица (од околу 14.000 во 2015 година). Оперирањето на дел од финансиските друштва како финтек во кредитирањето јасно ја покажува потребата за понатамошна поддршка на финтекот во домашната економија. Зошто? Затоа што финтекот ја зголемува финансиската инклузија и овозможува лесен пристап до финансиски услуги. Така, лесниот пристап до кредити преку интернет, современиот начин на аплицирање за кредити преку интернет, лесните процедури на одобрување на кредитите ја зголемуваат финансиска инклузија во нашата земја. Финасиските друштва излегуваат во пресрет на дел од населението коешто има потреба од кредитирање, а коешто нема пристап до традиционалните обезбедувачи на кредити. На ваков начин се зголемува финансиската вклученост на одделни слоеви на населението, се поддржува нивната куповна моќ, особено сега во услови на економска криза. “

Осврнувајќи се на најновите трендови кај финансиските друштва во 2021 година, Кадиевска – Војновиќ истакна дека во текот на 2021 година позначајно се зголемува учество на средствата на финансиските друштва во вкупните средства на финансискиот сектор и тоа од 0,6% на крајот на 2020 година, на 0,8% на крајот на третото тримесечје од 2021 година. “Ова се должи на забрзаното кредитирање на физичките лица и тоа со високи двоцифрени стапки на раст. Во второто и третото тримесечје на 2021 година кредитите на физичките лица бележат годишен раст од околу 50% и 60%, соодветно. Ваквиот тренд покажува дека финансиските друштва имаат значајна улога во одржување на куповната моќ на населението и со тоа помагаат во заздравувањето на економијата” – заклучи Кадиевска – Војновиќ.

Во вториот дел од презентацијата, проф. д-р Марко Андонов ги претстави значајните предизвици на регулаторната рамка за финансиските друштва во Република Северна Македонија.

Како воведни забелешки, Андонов посочи дека има потреба од креирање на конзистентна и усогласена регулатива во однос на работењето на банкарските и небанкарските финансиски институции, како и надградба на регулаторната рамка до ниво кое ќе ги поддржува во целост иновациите предводени од финансиска технологија, што во моментот се цени како поле за осврт. Воедно, Андонов посочи дека недостига и единствен, унифициран пристап во спроведувањето на регулативата. Меѓу другото, посочи дека постои неусогласеност на прописите во иста област.

Во однос на даночно – правниот третман на трошоците за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања кај финансиските друштва, проф. д-р Андонов прикажа дека Законот за данок на добивка прави исклучок само за исправка на вредноста на ненаплатените побарувања кај банките, штедилниците и осигурителните друштва, но не и за небанкарските финансиски друштва, а исправката на вредноста на побарувањата од кредити кај финансиските друштва треба да биде даночно признат расход. Во овој случај ја истакна соседна Бугарија како позитивен пример.

„Кога станува збор за Финансиските друштва низ призмата на платниот промет, потребно е да се воспостави соодветен механизам и канали на соработка помеѓу Министерството за финансии и НБРСМ, како поефикасен и посоодветен процес на давање на дозволи за работа на финансиските друштва, посебно во постапката за дозвола по Законот за платен промет.“, изјави проф. д-р Марко Андонов.

Како позначајни предлози за измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва  ги истакна: зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиските друштва, доуредување на факторингот, задолжителното формирање на кредитен одбор, како и одбор за ризици, ограничување на надоместоците кои може да ги наплаќаат финансиските друштва. Исто така, препорача дека законодавецот треба дополнително да ги анализира состојбите во наведениот контекст и да заземе реално, издржано и фер становиште.

За крај, Андонов заклучи дека потребно е да се воспостават соодветен механизам и канали на соработка помеѓу Министерството за финансии и НБРСМ – во процесите на давање на дозволите за работа на финансиските друштва, како и да се преиспита делот од нацрт законот кој се однесува на ограничување на надоместоците кои може да ги наплаќаат финансиските друштва со цел да не се дерогира уставниот концепт (темелната вредност на уставниот поредок) за слобода на пазарот и претприемништвото бидејќи овие измени директно влијаат врз ограничување на економската слобода и конкурентност на пазарот.

Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија ги соединува компаниите за финансиска технологија, исто така позната како FinTech, давајќи финансиски услуги на жителите на Северна Македонија.

Мисија на асоцијацијата e да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина.

Сподели:

ЛЕТНА ЕДУКАЦИЈА СО АФД – Како да го отплатиш кредитот без задоцнување и како да се заштитиш доколку го надминеш договорениот рок на отплата на кредитот?

Во денешното едукативно видео на тема КАКО ДА ГО ОТПЛАТИШ КРЕДИТОТ БЕЗ ЗАДОЦНУВАЊЕ И КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИШ ДОКОЛКУ ГО НАДМИНЕШ ДОГОВОРЕНИОТ РОК НА ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ одговараме на најзначајните прашања во врска со потрошувачките кредити:

– Право на откажување од договор за потрошувачки кредит
– Предвремена отплата на кредит
– Отстапување на договор за кредит
– Што во случај на финансиски проблеми?
– Што во случај на доцнење со отплатата на кредитот?

Прашања може да се постават на info@afd.mk

Сподели:

ЛЕТНА ЕДУКАЦИЈА СО АФД – Како да постапиш доколку имаш жалба или поплака на потрошувачки кредит?

Во денешното едукативно видео на тема КАКО ДА ПОСТАПИШ ДОКОЛКУ ИМАШ ЖАЛБА ИЛИ ПОПЛАКА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ одговараме на најзначајните прашања во врска со потрошувачките кредити:

– Право на жалба
– Постапка по жалба
– Принципи во постапка по жалба
– Времетраење на постапка по жалба
– Право на жалба до АФД.

Прашања може да се постават на info@afd.mk.

Сподели:

ЛЕТНА ЕДУКАЦИЈА СО АФД – Што треба да знаете пред да подигнете потрошувачки кредит?

Во денешното едукативно видео на тема ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ПРЕД ДА ПОДИГНЕШ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ одговараме на најзначајните прашања во врска со потрошувачките кредити:

– Рекламирање на потрошувачки кредити
– Пред-договорни информации
– Кредитна способност на кредитобарател
– Договор за потрошувачки кредит
– Камата и годишна стапка на вкупни трошоци.

Прашања може да се постават на info@afd.mk.

Сподели:

ЛЕТНА ЕДУКАЦИЈА СО АФД – се што треба да знаете за финансиските друштва

Во приложеното едукативно видео на тема СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА одговараме на најзначајните прашања во врска со финансиските друштва и небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија:

-Што е Финтек?
-Финансиските друштва (ФД) и Финтек индустријата во Северна Македонија
-Што претставуваат ФД?
-Како ФД се разликуваат од банките?
-Кога треба да се земе кредит од ФД?
-Придобивки од небанкарските финансиски институции и Финтек за граѓаните

Прашања може да се постават на info@afd.mk.

Сподели: