Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Финансиска едукација

Грижа за финансиската едукација

Парите и финансиската одржливост се несомнено значаен дел од секојдневениот живот, а управувањето со средствата може да биде навистина голем предизвик.

Од осбена важност е секој поединец да умее паметно да управува со своите средства, бидејќи подеднакво се ризични ситуациите и при недостаток на средства и начините на кои се доаѓа до потребните средства, како и поседување на голем износ на средства кои неплански се распределуваат.

Неопходно е да постои свесност за индивидуалните потреби за парични средства и соодветните начини како тие да се финансираат, како и проценка на способноста за навремена отплата на земениот кредит.

Предводена од својата мисија: Да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина, Aсоцијацијата на финансиски друштва, преку сите свои членки посветено работи на овозможување на помош и асистенција на своите клиенти за унапредување на нивните вештини и капацитет да прават разумни одлуки кога станува збор за земањето на кредити од финансиските друштва.

Прочитајте ги советите за потрошувачите при користењето на услугите од финансиските друштва овде  – https://afd.mk/potroshuvachi/

Членовите на Асоцијацијата на финансиски друштва настојуваат да ги водат своите деловни операции во Северна Македонија на паметен и одржлив начин – преку понуда на производи и услуги со врвен квалитет, развој на иновативни проекти и грижа за заедницата. Имаме јасни заложби за придонес кон општествената одговорност и сме посветени кон давање на нашиот придонес  за заедницата преку вложувања во заедницата со проекти во едукацијата, особено на темата за финансиска писменост.

 

Финтек индустрија

Што е Финтек индустрија?

Финтек индустријата е составена од компании кои користат напредна иновативна технологија за алтернативни финансии со цел да ја подобрат конкурентската предност.

Терминот „финтек“ се користи за опишување нови услуги кои со користење на напредни и иновативни технологии ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги и се сериозен конкурент на традиционалните финансиски методи во испораката на финансиски услуги.

Развојот на Финтек индустријата главно се должи менувањето на навиките на потрошувачите, а конкурентските цени и грижата за корисниците се најважните фактори во денешните финансиски одлуки на потрошувачите.

 

Области на Финтек

 

Финансиските друштва, како небанкарски финансиски институции се недепозитни институции, што е основна разлика во однос на традиционалните финансиски институции, бидејќи во нашата држава само тие можат да собираат депозити од физички и правни лица и да ги користат овие средства за финансирање на сопствените активности.
За традиционалните финансиски институции, основите на кредитната активност се депозити и сопствени средства, додека финансиските компании ги финансираат најголем дел од своите активности со сопствен капитал, но и од заеми кои се важен извор на финансирање.

Финансиските институции сè уште во голема мера се потпираат на заеми, што е една од причините за разликата во цената на кредитите. Исто така, традиционалните финансиски институции во голема мера ги поддржуваат долгорочните заеми, кои на долг рок генерираат високи приноси. Спротивно на тоа, небанкарските компании најчесто обезбедуваат мали заеми за кредитирање кои се одобрени со кратки периоди на враќање.