Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Потпишан меморандум за соработка помеѓу АФД и КаСис

Со взаемни заложби за негување на континуиран, транспарентен и конструктивен однос  во насока на воспоставување на добри практики во соработката и комуникацијата, денеска Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија – АФД  и Интернационалниот картичен систем – КаСис потпишаа Меморандум за соработка .

Преку овој Меморандум за соработка, двете страни ќе преземаат заеднички активности во полето на финтек, дигиталните услуги, финансиска едукација на населението, како и учество во заеднички активности и презентации.

 

Сподели: