Асоцијација на Финансиски Друштва на Северна Македонија
  • English
  • Македонски
  • Shqip

Потрошувачи

Во кои ситуации да се земе предвид позајмувањето од небанкарски кредитори? Во кои ситуации да не се позајмува од небанкарски кредитори? Што да се прави во случај на проблеми?

Во кои ситуации да се земе предвид позајмување од небанкарски кредитори?

Краткорочните кредити се наменети да се користат за итни трошоци, на пример, во случај кога куќен апарат се расипува ненадејно и потребна е итна поправка. Иако услугата е лесна и поволна, треба да се користи одговорно и разумно. Пред подигање на каткорочен кредит, треба да се процени вистинската потреба за овие средства или можноста да се исплати на време. Доколку сте одлучиле да подигнете краткорочен кредит, осигурајте се дека ви одговара поставената камата, дека внимателно сте ги проучиле условите на договорот, водите сметка за својот буџет за на време да го исплатите кредитот.

Во кои ситуации да не се позајмува од небанкарски кредитори?

Краткорочните кредити не треба да се користат како решение за долгорочни финансиски проблеми. Исто така не треба да се користат за исплаќање на други кредити, како хипотеки, лизинг и слично. Тие не се брзи решенија за спонтани хирови.

Што да се прави во случај на проблеми?

Доколку клиентот има потешкотии и не е во можност да ги исполни своите обврски, компаниите од индустријата се повикуваат на кредиторот да изнајдат заедничко решение. Компаниите од индустријата ги советуваат клиентите да реагираат смирено и разумно во случај на потешкотија:

  • Во ниеден случај клиентот не треба да позајмува од други кредитори само за да го исплати постоечкиот долг
  • За да се изнајде најдобро решение за проблемот, клиентот треба да го контактира давателот на услуги
  • Клиентот не треба да го одолговлекува проблемот – колку повеќе клиентот се двоуми, толку потешко ќе биде да се реши ситуацијата
  • Клиентот треба да го ревидира својот буџет – можеби постојат некои трошоци кои можат да бидат отстранети или намалени
  • Сепак, доколку клиентот не најде начин да ја реши ситуацијата, треба да побара совет од Асоцијацијата на Финансиски Друштва.